Техникал Текстајлс е германска компанија основана во Словачка во 1995 година. Нашата компанија во Македонија е формирана во 2014 година и произведува фиберглас мрежа за изолациони системи и фасади,како и градежни додатоци (на пример. ПВЦ, алуминиум или армирано мрежести агли, фиберглас ленти или дилатациони профили од различни видови).

Произведуваме програма исто така и за композитни зајакнувачи. Сето ова ја прави Техникал Текстајлс со уникатна способност да се покријат најразличните барања и потреби на нашите клиенти.

Нашиот традиционален квалитет на производство ги исполнува највисоките европски стандарди за квалитет за што сме и меѓународно сертифицирани. Флексибилност во производството е нашата главна предност - ние сме во состојба да се усогласиме според поединечни барања на нашите клиенти, нудејќи им одлични услуги преку нашиот пријателски настроен персонал.

Нашиот производствен капацитет во Република Македонија е опремен со најсовремена опрема и машински парк за обработка и е подготвен да одговори на сите барања на нашите постоечки клиенти и има капацитет за целосно исполнување на ново отворените пазари.

Техникал Текстајлс Македонија работи на сите европски пазари, Блискиот Исток и Северна Америка.